Штипјанец ја убил партнерката, па сам се пријавил во полиција
Од МВР доцна синоќа информираа за убиство во Штип.
„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.
Полициските службеници го пронашле телото.
Извршен е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.