Штекли нуди плата од 3.000 евра за професионално обезбедување
По трите обиди да биде убиен, Раде Трајковски – Штекли, реши да најми професионално обезбедување.
Тој бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или полициско искуство, да поседуваат дозвола за оружје. За работата ќе им плати три илјади евра и дополнително трошоци за јадење и пат.
Штекли пред десетина дена по трет пат беше мета на напад, кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба.
Трајковски и при тој напад помина со полесни повреди. Претходно два пати во него беше пукано во Трговскиот центар Ист Гејт.
Штекли се поврзува со подземјето, а нападите се поврзуваат со предупредување од криминалните кругови, особено од новокомпонираната група „Барон”, со која во последно време се поврзуваат нови структури во скопското подземје.