Шилегов го честиташе новото раководство на СДСМ и Филипче со песната „Во бестрага“
Наместо коментар, Петре Шилегов на новото раководство му честиташе со познатата „Во бестрага“. Пораката е јасна, имајќи предвид кој се е во раководството, нумерата е повеќе од оправдана. На социјалните мрежи се шегуваат дека можеби посоодветна би била само „Road to hell“ од Крис Риа.
Никој во Македонија , ниту екс есдесовците не ја бендисаа инвазијата на Заеви послушници во јадрото и раководството на СДСМ. Поранешните функционери на СДСМ полека но сигурно се изјаснуваат што мислат за „новото“ раководство на СДСМ кое си го оформи Филипче.
Поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов не го крие незадоволството од новото раководство на СДСМ. Преку песната „Во бестрага“ реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала.
Популарната песна „Во бестрага“ во изведба на Нокаут и Игор Џамбазов, поранешниот градоначалник на Скопје ја сподели на својот Фејсбук профил.
Наместо коментар… кратко напиша Шилегов алудирајќи на новото партиско раководство.