Уапсен хрватскиот министер за здравство поради коруптивна набавка на микроскопи

Полицајците дошле на адресата на Берош со наредби за претрес, дознава Н1 Загреб од извори блиски до истрагата.

Според нив, еден од осомничените лекари е началникот на Клиниката за неврохирургија КБ „Сестри милосрдници“ проф. д-р Крешимир Ротим.

Агенцијата Хина пишува дека станува збор за набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, кои наводно биле преплатени, а дека меѓу уапсените е и Ротим.

УСКОК соопшти дека денешните апсења и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрага што била спроведена претходно.

„Споменатите дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во однос на повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела“, објаснуваат од УСКОК.

По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста, се додава во соопштението.