Товарен воз излезе од шините, сообраќајот помеѓу „Кадина Река“ и „Зелениково“ во прекин

Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата, соопштуваат од ЦУК.

Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници. Во несреќата нема повредени лица.

– Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата, соопштуваат од ЦУК.