Раководството на СДС е најлошиот избор составен од „децата“ на Заев

Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос. Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти.

Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче“ потенцира Лефков.

-Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори. Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години, додаде тој.

Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС, изјави Миле Лефков.