Падна првиот снег: Бела покривка на Водно, Македонска Каменица, Берово, Пехчево…
Студениот бран утрово ја донесе и првата снежна покривка на Водно, покажаа камерите од Милениумскиот крст.
Во Скопје и околината студено, врнежливо утро, ниски температури и преку ден, а според најавите очекувањата се дека во наредниот период тие ќе опаднат за пет до седум степени.
Снег има и на туристичките центри: Попова Шапка и Пониква.
Малку снег има и во Делчево и околните села, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево. Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.
Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ.