Муамед Сејдини се повлече од ФФМ, Вонредното Собрание закажано на 22. декември
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на Nации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.
Сејдини оставката ја доставi пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.
Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22. декември.
До Вонредното Собрание, вршител на должноста претседател ќе биде досегашниот потпретседател на ФФМ, Лазар Ракиџиев.
Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ,