Комити му порачаа на новиот тренер на ФК „Вардар““: СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!

„Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар! Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа“ се вели во соопштението што на Фејсбук го објави навивачката група „Комити“.

Оттаму му сугерираат на Седлоски „во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!“.

„Комити“ ги повикаа сите навивачи на клубот, во сабота на стадион.

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!