Иницијативниот одбор на ЛДП бара вонреден конгрес, незадовлни се од Зајкова – таа вели нападите нема да ја предомислат!
Пуч ѝ се спрема на Моника Зајкова во ЛДП. Иницијативниот одбор на Либерано Демократската Партија бара да се одржи вондреден конгрес на кој членовите на партијата ќе одлучат дали треба да се менува раководоството.
Бобан Бојковски, член на иницијативниот одбор вели дека членовите не се задоволно од политиките на Зајкова, кое според него го буткаат рејтингот на партијата.
„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.
Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е.
Според Зајкова, потребна е стратегија за да се постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.
„Ако сакаат овие поединци, кои застапуваат туѓи интереси, да ги објавуваме разговорите и преписките со кои ми се закануваат мене, но и го манипулираат членството со измама која е кривично дело и го наведуваат на некакви потписи, а доаѓаат и од луѓе кои се надвор и луѓе тука кои сакаат да се заштитат, чекајќи исход од одредени истраги, не е проблем, транскриптите и доказите се спремни. Може да ги објавиме“, заклучува Зајкова
Но, според претседателката на ЛДП, тоа заслужува внимание на органите на државата, а не на граѓаните кои бараат подобар живот и тоа нема да даде решенија на проблемите кои ги имаат граѓаните.