Зошто во време на СДС и ДУИ граѓаните чекале за снимање со магнетна резонанца, иако има апарати?
Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како заради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како заради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба, вели Бране Петрушевски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ
Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени.
Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција.
Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.
Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква.
Што работеле СДС и ДУИ во здравството?
Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга.
Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира, изјави Петрушевски.