Земјотрес почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.