Браво за овие деца: Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу
Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни, два сребрени и еден бронзен медал.
Софија Јарчевска освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца од 12-13 години до зелен појас, Филип Недев освои прво место во кати и трето место во кихон ипон кумите за деца 10-11 години до црн појас, а пак Камелија Недев освои 2 место во кати за деца од 12-13 години до црн појас.
Ката тимот во состав: Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска освоија второ место за деца од 12-13 години.