Битиќи избегнува одговорност, секој што го злоупотребил народниот труд ќе одговара

Времето на манипулации и празни зборови на СДС заврши. Сега зборуваат фактите, а фактите се на страната на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираа во соопштението.

СДС немаат ни план ни визија. Единственото што го имаат во последно време е паника, која ја манифестираат преку постојано мрморење. Ако толку добро знаеле што треба да се направи, зошто не го направија тоа кога беа на власт? Или беа зафатени со патувања, луксуз и сликање во авиони, а сега одеднаш „паметни“. ВМРО-ДПМНЕ ги гледа големите прашања. Проектите што се започнати не се само ветувања-тие се конкретни чекори кон подобрување на животот на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Царинската управа, откако е под водство на ВМРО-ДПМНЕ собра 24% повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во споредба со претходниот квартал. Овие бројки не се случајност, туку резултат на работа, стратегија и посветеност.

СДС од друга страна, остави пустош зад себе – од уништување на ЕСМ до непланско трошење.

Најгласниот, а воедно и најнервозен „експерт“ Битиќи треба да научи дека државните институции не се место за ароганција и некомпетентност. Неговата нервоза нема да го спаси од одговорноста.

Битиќи добро знае како се одвивал начинот на пресметка на активните и пасивните саати во здравствениот сектор. Низата нерегуларности што излегоа на виделина не се случајни. Сите кои беа дел од оваа шема на незаконски пресметки и нерегуларности, ќе бидат соочени со одговорност.

Здравството е свето – ВМРО-ДПМНЕ става точка на расипаните практики и конечно воведува ред во системот. Народот бара отчет – ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи да го добие. Ревизијата нема да заобиколи никого, и секој што го злоупотребил народниот труд ќе одговара.

Времето на манипулации и празни зборови на СДС заврши. Сега зборуваат фактите, а фактите се на страната на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираа во соопштението.