Kако Али Ахмети со стара Нокиа 3310 објавува видеа на Фејсбук?

Али Ахмети стана активен на Фејсбук. Тој почна да објавува статуси и видеа а на едно од нив му одговори на премиерот Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил.

„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети.

Сево ова не би било ништо чудно ако не се знае дека неговиот најблизок соработник Артан Груби во април годинава не откри дека Ахмети не користи социјални мрежи, нема паметен телефон, па дури не пишува ниту СМС пораки.

Според Груби, Ахмети користи стара Нокиа 3310 која беше многу популарна во деведесеттите години и важи за најиздржлив телефон на кој батеријата му држи неколку дена.

На ваквата умешност на Али Ахмети би му позавидел и славниот Чак Норис.

Инаку, сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери.

Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот.

Причината за ова е исклучително едноставна – BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните производители на мобилни телефони, луѓето имаа доверба во овие уреди, што не може да се каже за Android.

Крадци, дилери, убијци и бројни криминалци ги користеле услугите на Phantom Secure, која ги модифицирала телефоните за безбедна комуникација – отстранувале камери, микрофони, GPS…

Една од компаниите која се занимава со вакви модификации е Phantom Secure.

Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво за да им служи на криминалците, а тие ги модифицирале телефоните како BlackBerry и Android со кои отстранувале камери и микрофони, GPS навигација и отстранувале класични апликации за комуникација и веб-прелистувачи и инсталирале апликации наменети само за комуникација преку безбедни мрежи.