Сиљановска-Давкова: Не нѝ треба Устав за политички и партиски желби, туку европски Устав

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека нас не ни треба Устав на политички и партиски желби, туку ни треба стандарден и европски Устав.

Таа во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21 додаде дека нема да не сакаат внатре во ЕУ ако имаме решенија какви што нема во европските држави.

„Затоа е и хармонизацијата на законите, ние во хармонизацијата сме најнапред од сите“, вели Сиљановска Давкова.