НЕ СЕ ЗНАЕЛО КОЈ СЕЧЕ, КОЈ ПЛАЌА – Со СДС и ДУИ во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот. Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола. ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа. Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените – истакна Петрушевски.

Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина, додаде Петрушевски.