Надал објави крај на кариерата (ВИДЕО)

Надал преку видео објавено на социјалните мрежи се обрати и кажа дека тука завршува неговата тениска кариера и во иднина ќе биде само гледач.

„Здраво на сите, тука сум за да ви кажам дека се повлекувам од професионалниот тенис. Реалноста е дека имав многу потешкотии последните години и не бев во можност да играм на највисоко ниво. Очигледно ова е тешка одлука, но морав да ја донесам бидејќи се во животот има почеток и крај“, рече меѓудругото 38-годишниот Надал.

Рафаел Надал во кариерата освои 22 Гренд слема, четири титули во Дејвис купот, 36 Мастерс турнири и вкупно 92 трофеи на АТП турнирите, има злато од Олимписките игри во Пекинг и помина 209 недели на првото место на АТП листата.

Шпанецот важи за „Крал на земјината подлога“, неофицијална титула која тешко дека некој ќе му ја земе со оглед на тоа дека дури 14 пати го освои Ролан Гарос.

Пензионирањето на Надал значи дека само Новак Ѓоковиќ остана активен од големата тројка. Роџер Федерер се пензионираше во 2022 година.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.