Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

„Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат“, кажа премиерот. Премиерот обелодени дека „дипломати во Брисел му порачале дека тие за нас се бореле повеќе од нашето (претходно) водство“.

Реплицирајќи му на новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, кој на собраниската седница за пратенички прашања настапи тетатрално и со неаргументирани обвинувања, премиерот Христијан Мицкоски му ја фрли ракавицата и му предложи предвремени парламентарни избори заедно со локалните догодина.

„Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги заборави. Бидете сигурен дека нема да бидеме како вас, нема да влегуваме со специјалци во два часот наутро и да апсиме… Ќе влеземе и ќе им ставиме лисици на тие што седум години ја ограбуваа државата и ќе одговараат. Нема потреба од маски. Казната ќе биде жестока. Измените на Кривичниот законик нема да ви помогнат. Верувајте стотици се,“ му порача премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на првите пратенички прашања воо Собранието.

„Немојте да мислите дека со вакво прашање, ќе не засрамите или ќе добиете некој поен. Ако сакате да водите лидерска политика во опозиција, не дозволувајте тие околу вас да ве санкаат и да ве однесат во длабоко“, додаде Мицкоски во својот одговор до неговиот политички ривал.

Премиерот обелодени дека „дипломати во Брисел му порачале дека тие за нас се бореле повеќе од нашето (претходно) водство“.

„Не можам да се изначудам на лековерноста на која нашите политичари се обиделе да постапуваат. Мој совет е ако отидеш во длабокото, нема враќање назад…

„Сигурен сте дека сте се лаги и клевети ова што го кажав? И сигурен сте дека не се плашите? Во ред. Изгледа сте храбар човек. Добро знаете во себе дека се што кажав е вистина, а таа ќе излезе, порано или подоцна“, додаде претседателот на Владата.

Мицкоски во својот говор од собраниската говорница говореше и дека „ќе дојде денот да се зборува за многу работи“.

„Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат“, кажа премиерот.