Македонската армија ќе добие ПРВА ЖЕНА ГЕНЕРАЛ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 откри дека ќе назначи прва жена генерал во Армијата

„Не е добро веднаш да се почне со одликувања, човек треба да ја истражи ситуацијата. Јас имам намера час поскоро да промовирам жена во генерал зошто има што исполнуваат услови“, вели Сиљановска Давкова.

На тема безбедност таа рече: „Не мислам дека сме во безбедносна криза“

Претседателката понатаму се осврна како сега Македонија ќе влезе во ЕУ.

„Тоа ќе се случи најпрво со работа на владеење на правото, најважниот доказ за владеењето на правото е битката безпоштедна со корупцијата и криминалот. Нашата ќе се случи со европски стандарди во образование, здравство, социјална заштита. Добрососедството, не само тие да го покажуваме и докажуваме, туку и нашето соседство“, вели Сиљановска Давкова.