ДСЗИ го објави извештајот за починатото 14-месечно бебе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб – ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје.

Во извештајот се посочува дека детето било однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови. Истиот ден, во попладневните часови детето е однесено на Детската клиника заради перзистирање на повраќањето каде е прегледено од дежурен лекар специјалист, кој ја потврдил дијагнозата од матичниот лекар, а во специјалистичкиот извештај било наведено да се донесе наредниот ден на контрола и по потреба во секое време.

Кај матичниот лекар, наредна посета била на 3 октомври заради, според изјава на родител, пролонгирано повраќање – најмалку два пати дневно и малаксалост. Повторно било прегледано со наод без температура, црвено грло, наод на бели дробови аускултаторно уреден. Заради перзистирање на состојбата со повраќање, истиот ден матичниот лекар креирал итен упат за Детската клиника каде е прегледано колу 15 часот и издадени се два упати за лабораторија и еден за гасни анализи.

Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза – bronchiolitis acuta.

Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад, се додава во извештајот.

Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 – pneumonia.

– Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија. Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, Исписна дијагноза e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.

Телото било предадено на обдукција на Институт за судска медицина, криминологија и деонтологија. Од страна на ДСЗИ се иницира формирање на Комисија за стручен надзор.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.