Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова
Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Свест за постоење на малцинствата се гради, ако вие не ги почитувате пресудите на Судот во Стразбург, каде седи и бугарски претставник, значи вие и како држава не градите свест. Не велам јас, замислете сега Советот на Европа да побара од Бугарија да го смени Уставот, бидејќи Уставот како Устав што е инспириран од демосот, од индивидуализмот забранува партии врз етничка и верска поделба, но да го оставиме тоа ама Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата, вели Сиљановска Давкова.