„Алфа“ ексклузивно: Сведоштво на полицаец кој преживеал голгота бидејќи го фатил во криминал кумот на Заеви

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на Алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков.

Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот.

Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.

-Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија. Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков, пренесе Алфа.

Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи, според претпоставените, од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда, МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лично министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица.

Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот, па поминал пекол и агонија што му ја направиле, како што тврди, неговите шефови.

Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение: