„Шумски пожар среде град“: Гори голема површина во Кисела Вода, се шири во сите насоки

Голем пожар избувнал попладнево во скопската населба Кисела Вода.

Директорот на Центар за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов за пожарот кој избувна денес во Расадникот во општина Кисела Вода вели дека е вистински шумски пожар.

-Шумски пожар во сред град, во овој момент беснее вистински шумски пожар во општина Кисела Вода во Расадникот. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. Верувам дека околните објекти ќе бидат благовремено заштитени бидејќи насекаде околу овој Расадник постојат различни објекти. Според мене овој пожар е невообичаен и апсурден пожар, бидејќи ние имаме шумски пожар во градот Скопје нешто што досега го немам видено, вели директорот на Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.