Тони Лазов се закити со сребрен медал на шаховската олимпијада во Будимпешта
Актуелниот државен шампион, ИМ (Интернационален мајстор) Тони Лазов освои сребрен медал на втора табла на Шаховската олимпијада која се одржа во Будимпешта.
Македонскиот шахист имаше рејтинг перформанс од 2763, само 20 помалку од златниот медалист ВМ Таи Даи Ван Уин од Чешка.
Тони Лазов на втора табла одигра 8 меча, од нив оствари седум поени и имаше едно реми.
Ова е четврти поединечен медал за Македонија на шаховските олимпијади по бронзениот на ВМ Трајко Недев во Ереван 1996 со 8 поени од 11 партии како резерва, златниот на ВМ Драгољуб Јаќимовиќ на третата табла во Истанбул 2000 со 7/9 и среброто на ВМ Владимир Георгиев на третата табла во Калвија (Шпанија) со 9/12.
Во последното 11. коло македонските шахисти загубија со 3-1 од Летонија. Евгени Романов на прва табла и Никола Николовски на втора одиграа реми со своите противници, а Емил Ристески и Антон Златков ги загубија своите мечеви.
Шахистите Олимпијадата ја завршија на 61. место од 188 учесници.
Дамите во последното коло загубија од Шри Ланка со 2,5-1,5. Цел поен освои Ивана Манова на втора табла, Моника Стојковска на прва табла ремизираше, а Моника Жежовска и Леа Ефтовска ги загубија мечевите.
Македонската женска шаховска репрезентација настапот го заврши на 77. место од 169 учесници.
И во машка и во женска конкуренција првото место ѝ припадна на Индија.