Скопје 1 дознава: Нов скандал го тресе ЈСП – патници сведочат на изнуда на пари за да се возат со ноќна линија, снимени и наплаќачите
Нелегална наплата на билети се прави во автобусите на ЈСП, тврдат патници кои се возат со ноќните линии. Повеќе вакви видеа се појавија на мрежата „Тикток“, а во нив, претежно млади лица, велат дека на врата им се бараат по 50 денари за да можат да се превезат. Во спротивно, треба да го напуштат автобусот.
„Не даваат да влезеш ако не платиш. Тие знаат дека луѓе немаат како да се вратат и им плаќаат. На секоја постојка чекавме по 10 минути, за да наплатат по 50 денари! И други реагираа, дека имаат картички, но не им даваа да влезат“, вели сведок на настанот.
Спроед сведоштвото, се отворало по една врата додека возел автобусот, се додека не се стигнало кај Градежен факултет каде имало премногу гужва па се отвориле двете врати.
„Скопје1“ побара детали од раководството на ЈСП и директорот Драги Кушовски поставен од градоначалничката Данела Арсовска, а во чиј мандат куп автобуси остануваат дефект по скопските улици, не доаѓаат на време, се кратат линии.
@letikon Razbiram deka brakjava sigurno ne se plateni dolgo vreme i zatoa ova go pravat ama da kradesh od srednoshkolci i lugje koi nemaat kako da se vratat doma e nenormalno bratot i pcueshe po deca plus #fyp #foryoupage #fyppppppppppppppppppppppp #makedonija #macedonia #makedonija🇲🇰 #macedonia🇲🇰 #makedonijatiktok #macedoniatiktok #jsp #avtobusi #bus #jspbus #skopje #sredno #srednoskolci #srednkskolo #skolo #avtobus #jspskopje