Пешак загина на лице место: Познати деталите за сообраќајката кај село Тркање

Познати се деталите за сообраќајката кај село Тркање. 26 годишниот К.А. со кочански регистарски таблици и удрил во 56 годишниот пешак С.С. од селото Теранци во околината на Кочани.

трово околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Штип и Кочани кај селото Тркање пешак го загуби својот живот откако во него удрило патничко возило од марката „опел астра“.

Возилото било управувано од 26 годишниот К.А. со кочански регистарски таблици и удрило во 56 годишниот пешак С.С. од селото Теранци во околината на Кочани. Пешакот починал на лице место, лекарите веднаш констатирале смртен случај.

Екипа на ОВР Кочани изврши увид на лице место. Од АМСМ информираа дека утрово сообраќајот се пренесочува по експресниот пат. Оттогаш, до сега сообраќајот е нормализиран на магистралниот пат Штип – Кочани.