Патници кршеле стакла за да избегаат од автобус што чадел кај Велес

Засега нема информации за повредени лица.

Чад се појавил во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција, јавува ТВ21.

Настанот се случил во Велес, а патниците дури ги скршиле прозорците за да излезат.

Според ТВ21, персоналот на автобусот ги повикал патниците да излезат, но во тој момент вратите не биле отворени, по што патниците ги скршиле стаклата за да избегаат. Според информациите, повеќето од патниците се на возраст под 18 години.

Засега нема информации за повредени лица.