„НОВА ГЕРМАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА, Битиќи го водел процесот, НО ДОЖИВЕАЛ ДЕБАКЛ, новата влада го заврши процесот“

Вчера поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека ја донел инвестицијата. Јас од мое име сакам да му се заблагодарам што го водел процесот, но жалам што не успеал да го заврши до крај. Претпоставувам дека не успеал да ги убеди граѓаните на 8-ми мај, како што ги убедувал неговите сопартијци, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по почетокот на изградбата на нова германска инвестиција „BMZ Group“ во ТИРЗ 2.

Претседателот на Владата нагласи дека „Битиќи доживеал дебакл, па актуелната Влада со инвеститорот морала да го заврши процесот“. Тој најави дека и понатаму ќе следуваат вакви слични инвестиции.

СДСМ вчера преку соопштение истакна дека премиерот се кити со туѓи перја и дека инвестицијата на БМЗ била договорена уште лани во септември од тогашниот вицепремиер Битиќи. Според партијата, ваквите инвестиции се резултат на внимателно планирани и стратешки насочени политики, кои за време на нивното владеење биле спроведувани со цел да се привлечат технолошки напредни и одржливи компании во земјата.

Компанијата се занимава со изградба на литум јонски батерии и ќе инвестира околу 65 милиони евра.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.