Никој не вели дека ти си лош или добар доктор, туку ти си криминалец и треба да си лежиш онаму каде што мене ме стрпавте, му порача Боки 13 на лидерот на СДСМ Венко Филипче
Шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, кој поради влошената здравствена состојба е на привремен отпуст од издржување затворска казна, вчера возејќи се низ скопските улици случајно се разминал со возилото со коешто управувал лидерот на СДСМ Венко Филипче.
– Луѓе, јас останав запрепастен, немам зборови. Само што се разминав со џипот на Венко Филипче, еден црн „Ауди Ку8 џип“, со црни тркала, со чуда, со врагови. Јас прво си помислив дека е Михаил Шумахер или некој рапер од оние скапите спотови. Венко, од кај бе пари за ваков џип? Ама знам јас од кај ти се парите. Тие се истите оние пари што ги добиваше во пликциња додека беше министер за здравство. Како си договаравте тендерчиња? Се сеќаваш како велеше: „Ти ќе му кажеш на она шлапаталоно муртинско или јас да му кажам?“ Па сега многу е лесно со крадени пари да бидеш претседател на таа сектата. Никој не вели дека ти си лош или добар доктор, туку ти си криминалец и треба да си лежиш онаму каде што мене ме стрпавте – рече Боки 13, објавувајќи стори на Инстаграм.
Боки 13 редовно се вклучува во живо на социјалната мрежа Инстаграм, коментира актуелни случувања, а организира и скапи наградни игри.