Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите

Владата континуирано внимава да не ги прекрши законите во однос на смената на директори на институциите за да нема тужби со кои ќе биде оштетен државниот буџет, а со тоа и граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе бидат назначени останатите директори.

Процесот на транзиција, според него, е тековен и ќе трае се додека Владата постои без разлика дали ВМРО – ДПМНЕ и оваа коалиција ја предводи или некој друг.

Внимаваме во законските решенија да нема прекршувања, за да може овој процес да заврши со што е можно помалку лузни. Да имаме процес во кој нема да биде оштетен буџетот, а преку буџетот вие граѓаните. Ако во минатото се правеше чистка при промена на власт, спротивно на закон, беше леле видете ги овие колку се лоши прават чиста, партизација итн. Сега одиме полека вниманавме да не прекршиме закон, затоа што тие ќе тужат па ќе добијат, па вие граѓаните ќе треба да плаќате затоа сме толку бавни, нагласи Мицкоски по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Како пример го посочи разместувањето на вработени во МВР за што сега државата плаќа 25 милиони евра.

Тужеле, добиле и не само што ги враќаат на старите работни места, туку и вие граѓаните од данокот што го плаќате враќате затоа што некој партиски се реванширал и манифестира хирови. Замислете тој нема кривична одогворност, тој слободно си се шета, додека ние граѓаните плаќаме за неговоите хирови, посочи Мицковски.