Започнаа или наскоро ќе започнат операциите од помал опсег на Израелските одбрамбени сили(ИДФ) во Либан чија мета се положбите на Хезболах крај самата граница со Израел, изјавиле утринава две неименувани американски официјални лица за АБЦ њуз.
Тие навеле дека се работи за погранични движења.
Се уште не делува дека Израел во целост решил да покрене копнена офанзива, но подготвен е за неа
Клучот е исполнување на ветувањето дадено на Израелците дека десетиците илјади раселени од северот на Израел ќе бидат во можност да се вратат дома. За да се направи тоа не е доволно само да се отсече главата на Хезболах- навеле официјалните лица.
Инаку израелската војска утрово соопшти дека извршила „десетици“ нови напади врз шиитската група Хезболах во Либан, два дена откако го уби лидерот на проиранското движење, Хасан Насрала во бомбардирање на јужните предградија на Бејрут.
Израелски авиони „нападнаа десетици терористички цели на територијата на Либан во последните неколку часа“, објави портпаролот на армијата во Телеграм.
Војската соопшти дека меѓу нивните цели биле и ракетни фрлачи насочени кон Израел.