Експрес пренесува анализа: Македонското правосудство предизвикало штета од стотина милиони евра, ќе одговара ли некој?
Веројатно ни најсовршениот компјутер или Вештачка интелигенција не може да пресмета колку пари чинеле сите македонски правосудни предмети водени во последниве десетина години кои според најголем дел од граѓаните не донесоа правда.
Неколкумината судии, обвинители, ревизори, вработени во УЈП и адвокати кои анализираа за expres.mk сметаат дека од формирањето на СЈО до сега се потрошени стотина милиони евра за предмети за кои имало сомнеж дека се политичка нарачка и за кои се знаело дека нема да завршат со казни.
Погоре наведените правни експерти сметаат дека веќе не смее да се простува кога обвинители и судии трошат народни пари на нарачани предмети за кои се знае дека ќе пропаднат и дека е крајно време некој да одговара за огромните потрошени пари во правосудството.
Сумата од стотина милиони за која се зборува дека пропаднала во дупка поради неефикасноста или корумпираноста на обвинители и судии навидум е превисока ако се знае дека целиот буџет за правосудството е во просек околу 40 милиони евра годишно но фактите покажуваат дека трошоците може да се и повисоки.
Експертите укажуваат дека трошоците не треба да се анализираат само преку судскиот буџет туку и преку низа други институции, фирми и поединци кои создавале или плаќале трошоци.
Покрај обвинителството и судовите трошоци во предметите кои во најголем дел пропаднаа прават и обичната и судската полиција, МВР преку своите тела, затворите, транспорт на притвореници, истражители, меѓународна правна помош, луѓето и фирмите кои прават вештачења и супер вештачења, разни консултанти, одбраната и адвокатите, сведоците, отсуство од работа на инволвирани луѓе и уште многи други ставки поради кои сумата од стотина милиони евра навистина може да изгледа мала.
Поради обемноста на работата на обвинителството и судовите преку примерот на работата на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева ќе се обидеме да прикажеме каде се во правосудството оделе пари за предметите кои пропаднаа во најголем дел.
Од Февруари 2016 кога почна да работи контроверзното Специјално обвинителство кое до згаснувањето беше под контрола на Зоран Заев се до денеска во Македонија се потрошени огромни средства од државниот буџет и приватни пари за кои најверојатно никој никогаш нема да одговара.
Замислете колку пари се потрошени ако само за предистраги ако во предметот „Талир“ биле сослушани над 260 сведоци.
За да се разбере дека правосудството не успеа да поврати никакви значајни пати назад од своите прекари треба да се знае дека по правосилната пресуда за предметот „Труст“ на СЈО, само за овој предмет беше побарана конфискација на имот вредна 17 милиони евра. Парите никогаш не беа наплатени.
Во јуни 2017 година, во еден ден СЈО испорачани вкупно 17 обвиненија со огромни кутии доказен материјал. Заклучно со првите две, станаа 19, за на крајот да завршат со вкупно 22 обвиненија.
Речиси сите овие обвиненија пропаднаа.
По апсењето на Катица Јанева СЈО му предаде 171 предмет на државното обвинителство по што продолжија трошоците во рамки на редовниот буџет на ЈО.
Државното обвинителство од СЈО, со писмото на Јанева што го испрати од затвор, презеде вкупно 171 предмет, од кои 22 обвиненија, 19 истраги, 38 финансиски истраги и многу предистражни постапки. Само за минимален дел од имаше обвиненија. Пресуди уште помалку.
За да се разбере бројката од стотина милиони евра како вкупен трошок направен од предметите кои ги воделе обвинителството и судовите треба да се анализира штетата направена од СЈО и судовите за предметите што ги водеа Катица Јанева и колегите и истата снижена за 30 до 40 насто да се аплицира на работата на редовното обвинителство и судовите во предмети кои беа оставени од СЈО или беа целосно посебни.
Оваа анализа е фрапатна.
Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.
Меѓу најголемите трошоци во СЈО беа огромни суми за некакви бонуси и „додатоци за доверливост“ што обвинителите во СЈО ги земале, и покрај нивните високи плати.
Овој „додаток за доверливост” всушност им го овзможи законот за СЈО, со образложение за да се заштителе содржините од „бомбите“ односно обвинителите да го држат во тајност тоа што го слушнале во телефонските разговори. Но и покрај тоа што овие расфрлања со бонуси кои ги одредувала Јанева е законски покриено, легитимно се поставува сомнеж за злоупотреба на парите, бидеќи станува збор за енормно високи суми.
Од септември 2015 година, кога беше формирано СЈО, Катица Јанева и нејзиниот тим од специјални обвинитeли, потрошиле околу 9 милиони евра до 2019 година , а заедно со одобрениот буџет за 2020, СЈО „изело“ околу 12 милиони евра народни пари.
Буџетот на ова Обвинителство, кое за многумина беше противуставно, а формирано со политички коннсензус, од година на година се зголемуваше, па така за неколку месеци во 2015, на СЈО им беа дадени 220 илјади евра, во 2016 сумата се искачи на 2 милиони евра. Во 2017 на 2,6 милиони евра, во 2018 СЈО не чинеше 3,1 милиони евра, а за 2019 им беше одобрен буџет од 3,7 милиони евра.
Поединечната плата на обвинителите беше чувана во голема тајност, а според последните информации, само во 2020 година СЈО потрошило еден милиони евра само за плати.
Според сајтот „Отворени финансии“ на Министертсвото за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси по основ „додаток за доверливост“ на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, од која Катица Јанева добила 157 илјади евра.
По обелоденувањето на вртоглавите бонуси, надвор од невообичаено високите плати на обвинителите во СЈО, експертската јавност бараше обвинителите да ги вратат добиените пари и да поднесат оставки од обвинителствата каде што беа префрлени, а Обвинитеството да отвори финансиска истрага за тоа дали постојат злоупотреби при трошењето на парите во СЈО.
Подоцна беа поднесени кривично пријави но досега не одговарал ниту еден од обвинителите.
Покрај поранешната специјална обвинителка Јанева, која земала 157 илјади евра, како додаток надвор од редовната плата, и другите нејзини колеги не собирале трошки за време на нивниот мандат. По Јанева, очгледно „најзаслужна“ се покажала обвинителката Елизабета Јосифоска, која освен редовната плата, земала 107 илјади евра. Бонусот за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители и изнесувал 2.440 евра месечно, а за Јанева тој изнесувал 4.000 евра месечно.
Според добиените бонуси, следува обвинителката Лиле Стефанова која земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, Фатиме Фетаи зар
ботила над 87 илјади евра бонуси за 4 години, а слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. На сметката на Ленче Ристоска легнале бонуси во висина од 72.520 евра. Покрај овие дополнителни исплати, дел од обвинителите примале пари за кирија, или за превоз до Скопје.
Покрај скандалите во врска со трошењето и платите во оваа институција се појави и информација дека во СЈО се потрошиле 13.300 илјади евра за апетисани само во 2019 година.
Ако овие трошоци на СЈО се аплицираат на редовните предмети во ЈО и судовите во сите други предмети кои пропаднаа лесно ќе се дојде до сума од стотина милиони евра потрошени речиси за ништо.
Од сите високо профилни или ,,политички” предмети досега имаше пресуди за неколку а најголем дел пропаднаа.
За потрошените пари и грешките на обвинителството или судовите никој обвинител или судија никогаш не одговараше.
Извор: Експрес.мк