Документарниот филм на МРТ “Живеејќи го сонот” најдобар на филмскиот фестивал “Budva sports and arts film festival”

„Два филма, три фестивали – три награди за МРТ!!!“, напиша на својот фејсбук профил Тони Стојановски, коментатор и еден од најголемите промотори на македонскиот спорт надвор од границите на Македонија.
Документарниот филм “Живеејќи го сонот” , во конкуренција од 70 филмови, победи на филмскиот фестивал “Budva sports and arts film festival” (BSAFF) во категоријата долгометражни документарни филмови.Сценариото е на самиот Тони Стојановски, додека режијата е на Тони Ристовски.
Можно е да е слика од текст
„Нашиот пат не беше така тежок како оној на македонските одбојкари, но задоволството за успехот е подеднакво големо.
По “Среќна 13-ка” лани, повторно одиме на Светското првенство за спортски документарни филмови ФИКТС, во Милано, “ пишува Стојановски.
 Минатата година таму победија во категорија „Меншн ди онор“ , втора награда, додека оваа година одат по „Гран ди онор“, односно по „Гран при“.
Честитки за цела екипа на МРТ!