Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер. Со овој триум тој го оствари т.н Голден слем во кариерата, односно ги освои сите четири Грен слем и олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот во тоа успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
Двајцата во моментот најдобри тенисери на планетата одиграа фантастичен меч и изедначен меч во кој за финалниот исход одлучија нијанси а натпреварот беше решен во тај-брејкови.
Ѓоковиќ освои бронзен медал во Пекинг во 2008 година а ова олимписко злато е единственото достигнување кое му недостигаше во неговата кариера, во која зад себе има 24 титули на Грен Слем турнири.