Фото на денот на ОИ во Париз

Фотографијата која го одбележа деветтиот ден од Олимписките игри во Париз.

Ова е неверојатната фотографија која го опишува спектакуларното финале на 100 метри во атлетика во машка конкуренција на Олимписките игри во Париз.

Пред 85.000 гледачи, трката на 100 метри ги оправда очекувањата со одличен крај на денот. Уште пред финалето беше јасно дека конкуренцијата ќе биде пеколна.

Сите натпреварувачи трчаа во квалификациите под 10 секунди и беше првпат во историјата на Игрите со ваков резултат да не гарантираат место во трката за еден од медалите.

Двајцата најбрзи во квалификациите беа најзбри и во големото финале по кое фотофиниш мораше да одлучува за носителот на златото.

Златото заврши на градите на Американецот Ноа Лајлс, кој за само илјадитинка беше побрз од Кишан Томпсон од Јамајка.