Угина царскиот орел спасен од пожарите на Пониква
Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена. Птицата е однесена на Факултетот за Ветеринарна медицина каде ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето. Од Македонското еколошко друштво ја потврдиле информацијата за Државниот инспекторат за животна средина и најавиле дека по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе биде изготвена информација за јавноста за причините за угинувањето на орелот.
Птицата беше спасена повредена и истоштена од кров на куќа на Пониква од страна на пожарникари од Кочани кои гаснеле пожар во близина. Царскиот орел бил однесен во Зоолошката градина во Скопје, каде беше згрижен со ветеринарен третман, но угинала веќе следниот ден. Овој вид птица се смета за силно загрозен.