Стојанче Ангелов: Радмила Шекеринска пред три години ја блокираше трансфорамцијата на системот за управување со кризи

Радмила Шекеринска пред три години ја блокирала трансформацијата на системот за управување со кризи, велат неофицијалните сознанија на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Реформите кои би помогнале во послесно справување со кризните ситуации, како што ова лето се пожарите низ цела Македонија, требало да се случат во 2021-ва година, кога беше свикан Советот за безбедност, по големите пожари кои беснееја таа година. Ангелов за тоа разговарал и со поранешниот претседател Стево Пендаровски и екс премиерот Зоран Заев. И двајцата биле согласни дека се потребни големи промени, но потоа според информации на Ангелов, на сцена стапила Шекеринска и од целата реформа не останало ништо.

-Владата донесе заклучок да се формира работна група која требаше да ја предводам јас, која ќе понуди нов модел. За жал, една недела подоцна според мои неофицијални информации, министерката за одбрана Радмила Шекеринска влијаела оваа одлука да се преиначи во сосема друга насока каде што не задолжија мене и директорот на ДЗС да излеземе со некаква концепција, изјави Ангелов.

Кај новата власт постои решителност да има сериозни реформи во овој сегмент, со цел Македонија веќе да нема страшни пожари како што ги имаше оваа година. Ангелов вели дека е потребно спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување.

-Ние на некои места благо се преклопуваме во нашите надлежности, а одредени простори се празни. Тие треба да ги пополни Дирекцијата за заштита и спасување но, во реалноста тоа не постои. Ние имаме се, само немаме луѓе кои ќе излезат на терен да завршат работа зборувам во делот на кризниот менаџмент. Мојот став е дека составен дел на новата институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки е формирање на специјална единица за заштита и спасување, изјави Ангелов.

Поради моменталните законски прописи во делот на справување со кризите, Македонија не го користи ниту системот НИКС, кој е поддржан НАТО. Тоа е дигитална мапа за статус на пожари, дали се активни, колку сили се на терен. Владата во јуни 2019 година донесе одлука со која НИКС е задолжителна алатка за имплементација за сите институции, коишто се дел од системот за управување со кризи. Меѓутоа, Ангелов вели дека ЦУК во моментов нема како да го користи овој систем, без промени во нивните надлежности и ингеренции.

-НИКС значи команден систем – следна генерација на команден систем. Ние правиме се, само не командуваме. Ние не смееме да командуваме. ЦУК координира. И тоа е еден од најголемите проблеми – каде е границата помеѓу координацијата и командата? Јас немам моќ да наредам на авионите или на хелихоптерите да отидат некаде. Напротив, ние ги координираме, изјави Ангелов.

Ангелов вели дека е потребно да се набави современа опрема, да се купат нови хеликоптери или евентуално ер трактори за справување со вакви кризи. Вели поевтино е да се инвестира во нови летала, бидејќи од финансиски аспект многу е поголема сумата на изгорената дрвна маса во текот на летово. Оптимист е дека новата Владата итно ќе се погрижи да ја подобри состојбата во овој сегмент.

Извор: ТВ Алфа

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.