СДСМ лаже, па за извинува
Откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција кажа дека е направена груба партизација со назначувањето на Иван Иванов, син на експретседателот Ѓорге Иванов и Анстасија Илиевска, сопруга на водителот Богдан Илиевски, за членови на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, подоцна од СДСМ се извинија дека направиле превид со имињата
ткако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција кажа дека е направена груба партизација со назначувањето на Иван Иванов, син на експретседателот Ѓорге Иванов и Анстасија Илиевска, сопруга на водителот Богдан Илиевски, за членови на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, подоцна од СДСМ се извинија дека направиле превид со имињата.
– Денеска во одговор на новинарско прашање направивме превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.
Во морето на информации кои пристигнуваат деновиве до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.
СДСМ како одговорна и принципиелна партија, упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО, но и до целата јавност, напиша Кузеска на фејсбук.
– СДС вчера беа фатени како ноторно лажат. Наводниот скандал за директори во МЕПСО пукна во голема срам за таа партија, ниту синот на Ѓорѓе Иванов е директор во МЕПСО, ниту сопругата на водителот Богдан Илиевски. СДС виде дека не им помина лагата, и наместо гнев кај народот за ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа дополнително гадење од СДС. Исто како што лажеа вчера за МЕПСО, излажаа и за патувањето на сопругата на Муцунски во Вашингтон, кое не се ни случило. Во рок од неколку дена СДС се фатени во две огромни лаги, тоа е ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов, се вели во соопштението од партијата.