„Рибата смрди од главата“: Слободата на Иџет Мемети и спогодбата за помала казна на Наќе Георгиев доказ за катастрофалното судство во Македонија
Иџет Мемети и Наќе Георгиев се само уште еден доказ зошто довербата во македонското правосудство е рамна на статистичка грешка. Првиот веќе е слободен, вториот се договори за три години казна затвор без судски процес. Условна казна за сега веќе довчерашниот член на Советот на јавни обвинители и преговорањето на врховниот судија, за ваков високопрофилен случај покажува дека клиентелизмот и корупцијата остануваат најголема рак рана на судскиот систем. Адвокатот Драган Пешевски за Алфа вели дека проблемот доаѓа кај пониските ешалони во правосудството, кај кои можеби постои страв да ги гонат оние над нив, што во случајов е Иџет Мемети.
-Она што се збореше со години сега е веќе и пресудена работа „res judicata“, односно рибата смрди од главата. Се виде дека највисоките структури во судството и тоа како влијаеле на тоа да довербата во судството е на ниво какво што е, односно на статистичка грешка. Проблемот е што најниските ешалони треба да ги гонат највисоките ешалони од нивните фели, односно обвинителските и судските како што гледаме, изјави Пешевски.
Адвокатот Јанаки Митровски за Алфа вели дека ова само ја покажува катастрофалната состојба во правосудството, односно привилегиите кои ги имаат политичките и економски моќници, а ги немаат обичните граѓани.
-Постојат двојни аршини, односно дека се постапува на еден начин за обични смртници, а се постапува на сосем друг, ултра привилегиран начин за вака политички моќни или економски моќни личности како што е Иџет Мемети и да ве потсетам дека тој ниту притвор не виде ниту еден ден, изјави Митровски.
Сепак, оваа спогодба на Мемети со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција може и да падне. Според Митровски судијата на претходна постапка може да не ја прифати и го повика да го стори тоа, со цел да се покаже дека моќниците треба да одговараат пред законот.
-Судијата на претходна постапка со ништо не е обврзан, формално обрзан да ја прифати оваа спогодба ако смета дека санкцијата е несоодветна. Не знам кој е судија на претходна постапка и ако тоа не е веќе завршено набрзина денеска, навистина предлагам тоа да не се прифати, затоа што ќе биде уште еден од серијата на лоши пораки за оние кои што се политички и економски моќни да можат туку така да се провлекуваат, дури и за вака високо профилни случаи, изјави Митровски.
Дека политиката има замешано прсти во оваа спогодба, покажува и тоа што прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е Ислам Абази, сосед на Али Ахмети од Зајас и човек кој можевме да го видиме на фотографија со братот на лидерот на Интегративците Фекри Ахмети, Мемети пак важи за близок до ДУИ. Пешевски вели ќе биде премногу тешко да се исчисти правосудството од блиските на сега веќе опозицијата во албанскиот политички блок.
ДУИ одамна го зборам дека е метастазиран канцер во македонското правосудство, ги имаше раширено пипците на насекаде. Ќе биде ѓаволски тешка задача да се исфрлат полека полека полека и да се исчистат од сите органи, изјави Пешевски.
Мемети призна дека сторил кривично дела примање награда за противзаконито влијание и по спогодбата со Обивнителството за гонење организиран криминал доби условна казна од една година и забрана за вршење должност во период од три години.
Во овој случај првоосомничен е врховниот судија Наќе Георгиев, кој што е во притвор. Заедно со Мемети му ветувале на ексградоначалникот на Ново Село Боро Стојчев дека за 10.00о евра ќе му помогнат за поблага казна за истага, за производство и продажб на марихуана, која ја водеше Обвинтелството на Абази.
Извор: Алфа ТВ