ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ПОНУДИ, АРСОВСКА СЕ СОГЛАСИ ДА СЕДНАТ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА: Подготвени сме, нека одреди датум, време и место

Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Р.Македонија, објави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.

Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.

Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје”, се вели во нејзината објава на фејсбук.