Пред 23 години чуварите на мотелот Бриони БЕА ВРЗАНИ ЗА СТОЛБ СО ДИНАМИТ И РАЗНЕСЕНИ и тоа по потпишување на Рамковен
На 26 август 2001 година терористите на УЧК со експлозив целосно го уништиле мотелот „Бриони“, покрај реката Вардар, во близина на селото Челопек, Тетовско. Телата на чуварите на објектот Боге Илиевски и Свете Трајчевски беа најдени врзани со динамит околу телата.
Илиевски и Трајчевски беа убиени од сѐ уште непознати сторители кои со динамит ги врзале двајцата за потпорните столбови и ги кренале во воздух со мотелот Бриони кај Челопек.
Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи.