Почина филмската легенда Ален Делон

Француската филмска легенда Ален Делон почина на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Како што пренесе АФП, тој починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз.

„Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и (неговото куче) Лубо се многу тажни што објавуваат дека нивниот татко починал“, соопшти семејството на Делон.

Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-тите, филмска икона на 20 век, познат по улогите во хитови како што се Борсалино, Самурај, Леопард, Љубовница на играта и Роко и неговите браќа.

АФП потсетува дека тој беше во лоша здравствена состојба во последните години и дека од 1990-тите неговите филмски појавувања стануваат ретки.

Во текот на својата кариера глумеше во повеќе од 90 филмови.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.