Од понеделник Скопје во хаос: Нема да возат приватните превозници
Повторно хаос во јавниот превоз. Со почетокот на учебната година приватните превозници донеле одлука со која од понеделник нема да возат. Тие ќе пуштат по еден автобус на секоја линија по што ќе ги паркираат автобусите и нема воопшто да се пуштат во сообраќај.
Оваа одлука на приватните превозници ќе се носи на дневна основа односно одлуката е само за во понеделник, а за деновите понатаму ќе се одлучува ден за ден.
Причината за тоа е долгот кој Град Скопје го има кон приватните превозници, а кој изнесува 2 милиони евра и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот за приватните превозници.