НОТАРИТЕ НЕМА ДА ПОСКАПАТ: Филков ја поништува одлуката на Кренар Лога, Славески додава дека лиценците за нотар биле продавани за суми од стотина илјади евра!

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес конференија рече дека нотарите нема да ги зголемат тарифите, кои требаше да стапат на сила на први септември.

-Денес иницирав постапка за повлекување на одлуката за давањена согласност за зголемување на тарифите на нотрите која ја донесе претходната Влада. Поранешниот министер за правда Лога пред да замине потпишал одлука за од септември да се зголемат услугите на нотарите за 10 пати. Ќе ги повлечам измените за новата тарифа, рече тој.

Додаде дека  не смее народот да плаќа 10 пати повеќе.

– Оваа одлука била донесена уште во фебруари и се чекало да поминат изборите, па на шести јуни новите тарифи биле објавени во Службен весник. А процесот бил скриен. За промена на цена по било кој основ мора да има сериозна анализа. По повлекување на одлуката ќе отворам дебата со цел да не бидат оштетени граѓаните и нотарите. До Владата иницирав постапка да се анулира дадената согласнот за тарифата што ќе претставув основа за неспроведување на одлуката, рече Филков.

Од друга страна, Претседавачот на Советот на Град Скопје и поранешен министер, ги коментира цените на нотарските услуги кои претходно беа зголемени, а новата власт најави дека тарифите нема да можат да го зголемуваат.

Славески во својата објава на X дава и предлог како да се најде решение за овој проблем.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.