МИЦКОСКИ: Шест години се изнаслушав муабети „Мицко ова, Мицко она“, ама во овие 50 дена воспоставивме целосна контрола на државата и ќе нè биде

Обрајќајќи се по повод 34 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, порача дека и покрај сите муабети кои низ годините ги изнаслушал, реалноста е дека неговата Влада во 50 дена од формирањето воспостави целосна контрола врз институциите и државата.

Ветивме дека Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и останатите нема да бидат во Владата и не се во Владата. И сега слушам повторно теории на заговори, ќе било вака, ќе дошле локалните избори, па Мицко ќе направел вака, Мицко ќе направел така, сето она што го слушам шест години, ама пустото ништо не излезе така. Готово, сега ќе му ја свиткале раката, па Бугарите ќе ги внесол ваму, па ќе направел ова, па ќе не знам што уште изнаслушав овие шест години. И сè од оние кои што имаат некој до врвот, кој што има информации од некој којшто е до таму, близок до оној, а тој е близок до мене. Обично на тоа се носат заклучоците. Еве, јас ви кажувам, бидете спокојни. ВМРО-ДПМНЕ во овие 50 дена воспостави целосна контрола на институциите и на државата. И државата ќе ја биде и Македонија ќе ја биде!, порача тој.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.