Македонските кошаркарски кадети ја победија Португалија
Машката кадетска репрезентација на Македонија ја оствари и петтата победа на Европското првенство Дивизија „Б“ кое се игра во Скопје.
Кадетите славеа со минимални 70:68 над Португалија, но победата е доволна избраниците на селекторот Александар Јованчев да се борат само за деветтото место на ова ЕП во Скопје.
Вечерва имавме одлично прво полувреме во кое имавме предност и од 15 поени против „морнарите“, што на крајот се покажа како доволно за продолжение на серијата на успешни игри.
Ѓорѓевиќ со 22 поени беше најефикасен кошаркар во нашиот тим, а го следеше Алексеј Нешовиќ со „дабл-дабл“ учинок – 20 поени и 12 скокови.
Ериксон Тешеира за Португалците постигна 14 поени.
Во борба за деветтото место Македонија ќе игра против Унгарија или Велика Британија.