МАКЕДОНИЈА ИМА СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕ: Мировски и Димовска светски шампиони во кик бокс во јуниорска категорија
Двајца македонски спортисти освоија златен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта.
Двајца македонски спортисти освоија златен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта.
Македонската јуниорска репрезентација се враќа и со еден сребрен медал.
Светски шампион во машка конкуренција е Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм, а во женска категорија Марија Димовска.
Сребрен медал на Светското првенство во кик бокс освои Лука Змејковски.
Мировски во категоријата со постари јуниори до 71 килограм, во финалето го победи украинецот Иван Бородатји, а во полуфиналето извојува победа против Атанас Димов од Бугарија.
Во женска конкуренција, Марија Димовска во дисциплината „лоу кик“ во финалето ја победи израелката Мија Лијамичев.
На Светското првенство учествуваа 2256 спортисти од 68 држави од светот.