Маж во Англија се здобил со сериозни повреди на вратот откако напаѓачот му нанел убодни рани, јави Би-Би-Си.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како маж се расправа со друг маж, кој турка количка.
Полицијата уапси четири лица осомничени за обид за убиство.
Нападот се случил на раскрсницата на патот Дадли и Белфилд Роуд околу 1.30 часот утринава.
Повредениот маж, на возраст од 40 години, бил пренесен во болница со исечено грло и бил во стабилна состојба кога полицијата на Вест Мидлендс објавила соопштение околу пладне.
Тројца мажи на возраст од 34, 29 и 26 години, како и една 22-годишна девојка се во притвор, додека истрагата продолжува.
На видеото се гледа како мажот продолжува да оди откако бил избоден, но набрзо паднал на тротоарот, покрај инвалидска количка, додека еден од соучесниците на напаѓачите се смеел додека го снимал видеото.
Предупредуваме дека снимката е со крајно вознемирувачка содржина:
Westerners who are defaming India day in and day out in the name of religion and all. keep in mind what is coming for you. These Islamic migrants stabbed a man in Birmingham who was with his newborn. We have been dealing with them for years—good luck to you all. pic.twitter.com/6WcmohPmzu
— Chaudhary Nitin Singh Solanki 🇮🇳 (@ashwatthama_07) August 24, 2024