ДОМАШНИОТ ПРИТВОР го замени со дружба со роднините: Рамадани позира НАСМЕАН
Блерим Рамадани, кој избега од домашен притвор, како што пренесува МКД.мк се наоѓа кај роднини во Косово, а судеијќи по објавата на Фејсбук со нив си седи крај трпеза во релаксирана атмосфера.
„Чичко Блерим Рамадани, добредојдовте дома во нашиот роден град, жал ни е што поради војната и слободата за Косово ви беше попречено движењето. Ослободителу, засекогаш почит, ќе бидеме заедно“, напиша на Фејсбук извесен Несрет Шашивари.
Дали се работи за верна фотографија и вистинита објава со која се лоцира местото каде се наоѓа Рамадани, останува непознато.
Извор: Вечер.мк